Во базен во Прилеп бил пронајден удавен чуварот на објектот

Од:

Вчера попладне во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на улицата „Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен 56-годишниот Г.М. од село Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот.

Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари