Во бањата си чувал кинески “калашњиков“

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово, со судска наредба,  изврши претрес во домот и помошните простории на 23 годишниот Ф.С во тетовска Мала Речица.

При претресот, во бањата на куќата пронајдена е автоматска пушка со бајонет, без кундак, калибар 7,62 милиметри од кинеско производство, дрвен кундак за автоматска пушка и две рамки со пет куршуми од истиот калибар.

Пронајденото со потврда е одземено и ќе се вештачи, а Ф.С  кој претходно повеќе пати е пријавуван за извршени тешки кражби на ова подрачје, e приведен и задржан во СВР Тетово. Против него, поднесена е соодветна пријава, со која вчера беше изведен пред истражен судија на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип