Во Австралија според пописот од 2016 имало 98.441 лице со македонско потекло

Од:

Австралиското Биро за статистика денеска ги објави првите податоци во врска со пописот спроведен во 2016 година. Врз основа на овие податоци, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, споредено со пописот од 2011 година кога овој број изнесувал 93.570.

На прашањето за јазикот што го зборуваат дома, на пописот во Австралија во 2016 година 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик. Според податоците од 2011 година 68.849 лица во Австралија одговориле дека го зборуваат македонскиот јазик дома.

На пописот во 2016 година 38.985 лица одговориле дека се родени во Република Македонија, додека на пописот во 2011 година оваа бројка изнесувала 40.222.

Македонската заедница во Австралија, според почесниот конзул на Македонија Зоран Ќосески, е интегрален ден од австралиското мултикултурно општество.

Би можело да ве интересира

Играч на македонскиот фудбалски клуб во Австралија – „Рокдејл Илинден“ е меѓу жртвите во масакрот во Бонди

А1он

ВИДЕО: Татко и син го извршија масакрот во Сиднеј, објавена снимка од пукањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сите под 16 години во Австралија останаа без социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Австралиска крајно десничарска сенаторка носеше бурка во парламентот, предизвика хаос

(ВИДЕО) Тројца загинати во авионска несреќа во Австралија

А1он

Најмалку едно лице е застрелано, а се 16 повредени во пукотница во Австралија