Во атарот на кратовското село Филиповци пронајдена почината жена

Од:

Жител на кратовското село Филиповци пронашол тело на жена во атарот на селото додека ја напасувал стоката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ, случајот бил пријавен во Полициската станица од општа надлежност Кратово на трети септември околу тринаесет часот и четириесет минути.

– На трети септември, 54-годишниот К.Д. од село Филиповци, Кратовско, во ПС од ОН Кратово, пријавил дека неговиот соселанец М.Д. истиот ден на место викано „Змијарник“ во атарот на селото Филиповци при напасување на стока ја пронашол мртва 36-годишната М.Г. од истото село, информира Чавдаревиќ.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на Институт за Судска медицина за вршење на обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари