Во архивата на СЈО нема оставка на Катица Јанева

Од:

Во архивата на специјалното јавно обвинителство, шефицата во притвор Катица Јанева не ја депонирала оставката, потврдуваат од таму за „А1он“.

Неодамна и претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, потврди дека Јанева не деонирала оставка ниту во Советот.

Јанева на 15 јули, денот кога беше објавена истрагата „Рекет“, преку веб-страницата на Обвинителството соопшти дека поднесува оставка на функцијата, која ќе биде активна кога ќе се усогласат партиите за новите законски решенија.

„Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“, беше тогаш соопштено од Јанева.

Таа им заблагодари на целиот тим на СЈО, на граѓаните и на медиумите за поддршката.

Утре претпладне Советот на јавни обвинители ќе расправа за известувањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека шефицата на специјалното јавно обвинителство е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување и дека за неа е определен 30-дневен притвор.

Советот ќе оцени дали да започне постапка за разрешување на Јанева и да поднесат извештај до Собранието.

Во Законот за СЈО пишува дека на Јанева функцијата ѝ престанува по сопствено барање; ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата; ако е избрана или именувана на друга функција; или ако е осудена со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривино дело кое ја прави недотојна за вршење на функцијата.

Јанева може да биде разрешена од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата во сложена процедура.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов