Во април и мај нови количини вакцини во земјава

Од:

Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник V“ од втората донација, во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник V“. Земјава ќе набави и 500.000 дози вакцини „Синовак“.

Во текот на овој месец од ЕУ треба да стигнат првите 20.000 – 25.000 вакцини од вкупно 100.000, сите 200.000 кинески вакцини, следните количини „Спутник В“, како и вакцините „Фајзер“ за кои има нарачак од 800.000. Со набавката на 500.000 „Синовак“, ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини за 1,3 милиони граѓани најавуваат од Владата.

Масовна имунизација е предвидено да се врши во салата „Борис Трајковски“ каде дневно ќе се вакцинираат по околу 5.000 граѓани. Според министерот за здравство Венко Филипче, подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање, а согласно планот, ќе се работи во две смени, од 08:00 до 20:00 часот.

За имунизација се подготвуваат и други објекти со цел одвивање на процесот без прекин.

Пред да дојдат на вакцинација, граѓаните можат да го пополнат документот „COVID19 Согласност за вакцинација“ за да се избегне метеж на пунктовите, нагласи Филипче и оцени дека вакцинацијата што почна завчера ширум државата се одвива одлично.

Земјава досега има добиено два пати по 3.000 „Спутник В“, 8.000 вакцини „Фајзер“ од Србија и 24.000 „Астра Зенека“ преку КОВАКС механизмот. Според најавите, до крајот на април преку Ковакс механизмот треба да пристигнат уште 76.000 вакцини од „Астра Зенека“, како и дози од други производители, со кои треба да продолжи процесот на масовна имунизација на населението, што почна завчера со вакцинација на лицата повозрасни од 77 години. Премиерот Заев изрази уверување дека во текот на мај ќе стигнат и дополнителни количини.

Последниот КОВИД биланс, пак, е нови 1.402 случаи, оздравени 761 пациент и починати 29 лица, сите во болнички услови. Вкупната бројка на дијагностицирани до вчера беше 131.424, а направени се 3.978 тестирања.

Во КОВИД-центрите има околу 260 празни болнички кревети.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски