Во 2019 година благо зголемување на примената на посебни истражни мерки, покажува извештајот на јавниот обвинител

Од:

Во текот на 2019 година има благ тренд на зголемување на примената на посебни истражни мерки во однос на 2018 година, но сепак се движи во рамките на просекот на минатите години, покажува Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2019 година, кој денеска ќе биде разгледан од членовите на собраниската Комисија за надзор над работата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите.

Најголем број случаи во кои се применувале посебните истражни мерки, како што е наведено во Извештајот, се однесуваат на кривичните дела против здравјето на луѓето, односно неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 од КЗ во 27 случаи.

Во основните јавни обвинителства во Република Северна Македонија во текот на 2019 година применети се посебни истражни мерки од чл.252 од ЗКП во вкупно 103 случаи против 338 лица со утврден идентитет, 17 лица со неутврден идентитет и 313 предмети на кривично дело.

За споредба, во 2018 година во сите основни јавни обвинителства применети се посебни истражни мерки од чл.252 од ЗКП во вкупно 95 случаи против 317 со утврден идентитет и 551 предмети на кривично дело.

-Потребата од овој вид на мерки за обезбедување на докази, се потврдува и со фактот што значителен број истраги во кои биле користени, завршиле со покренување обвинение и осудителни пресуди, се вели во Извештајот на ЈОРСМ.

Современите облици на криминалот, а особено тешкиот и организираниот не може да се откријат и обезбедат докази без примена на посебни истражни мерки. Тие се определуваат само тогаш кога е веројатно дека со другите доказни средства нема да биде возможно и доволно обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, посочуваат од ЈОРСМ.

Примената на ваквите мерки е прецизно регулирана во Законот за кривичната постапка како и во другите закони (Закон за следење на комуникациите ) и предвидена само во строго определени случаи кога е веројатно дека ќе се обезбедат податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, а кои на друг начин не можат да се соберат.

Согласно чл.271 од ЗКП јавниот обвинител на Република Северна Македонија има обврска еднаш годишно да достави извештај до Собранието на Република Северна Македонија, за посебните истражни мерки што се побарани во претходната календарска година.

Би можело да ве интересира

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ