Во 20 градови забележани новозаразени со коронавирус, само Пехчево без активни случаи

Од:

Во дури дваесет македонски градови во изминатите 24 часа се регистрирани нови случаи на Ковид-19,  а Пехчево сега е единствениот град во кој нема активни случаи на болеста, покажуваат податоците на здравствените власти.

Во Скопје, во изминатите 24 часа се забележани 65 новозаразени,  а во главниот град има 1.305 активни случаи. Министерството за здравство веќе два дена во дневните информации не ја објавува дистрибуцијата на активните случаи по скопските општини.

Поголем број на новозаразени е регистриран и во Штип (21), Гостивар и Куманово (по 14), Тетово и Велес (по 12).

По Скопје, најголем број на активни случи има во Штип (392), Гостивар (313), Куманово (267), Тетово (208), Струга (195), Дебар (125), Свети Николе (121) и Кичево (115).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира само 15 оздравени пациенти од: Велес (2), Битола (6), Демир Хисар (1), Македонски Брод (1), Кичево (3), Ресен (2).

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски