Во 11 и 30 Заев ја објавува 10. бомба

Од:

Денеска, во 11 часот и 30 минути, лидерот на СДСМ Зорам Заев на прес-конференција ќе ја објави 10. бомба.

Опозицијата досега објави дека во Македонија се прислушувани 20.000 граѓани, меѓу нив и најблиските соработници на Груевски, лидери и министри на ДУИ, лидерот на ДПА, потоа раководството на СДСМ, Бошкоски, Жерновски, Петковски, новинари, судии, обвинители, МПЦ, ИВЗ, МАНУ.

Заев на прес конференциите пушти аудио снимки, за кој вели дека луѓе од власта и медиуми договарале пресуди, избори на судии и обвинители, каква била спрегата меѓу власта и дел од медиумите, како се апсел Љубе Бошкоски, како се нарачувало и договарало уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, како се договарале и што мислат министрите за трошењето на буџетските пари.

На трибина во Универзална сала беше обелоденет изборниот грабеж, а потоа Андреј Жерновски покажа материјали на кој начин власта сакала, како што рече, да ги фалсификува изборите во Центар.

Како што беше досега објавено, стотина новинари исто така беа следени.

Тие најавија дека правдата ќе ја тераат до крај и побараа оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ