Во 10 града во земјава нема заболени од Ковид-19, бројот на активни случаи падна на 351

Од:

Во 10 града во земјава нема активни случаи на Ковид-19. Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран се без заболени од коронавирусот.

Најголем број активни случаи има во скопје, 126, а на ниво на целата држава актвни со 351 случај.

Во седум града има двоцифрен број заболени додека во останатите места бројката на активни случаи е едноцифрена.

Вчера беа регистрирани четири нови случаи, а во текот на последното деноноќи почина едно лице.

Досега во земјава се направени вкупно 851.408 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска