Внукот на Вилма Русковска сака да работи во Скопското обвинителство, каде што ѝ мирува функцијата на тетка му

Од:

Oбвинителот Зоран Маркоски, внук од сестра на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, сака да биде обвинител во Скопското обвинителство, каде што ѝ мирува функцијата на неговата тетка, Вилма Русковска, дознава „А1он“.

Маркоски, кој е обвинител во Кумановското обвинителство пројавил желба да работи во Скопје, па конкурирал на огласот на Советот на јавните обвинители, кој на одложената седница требаше да избере осум јавни обвинители во Скопското обвинителство.

Јавноста се сеќава кога Советот на јавните обвинители ја избра Марија Ѓорѓева, инаку внука на експретседателот на Советот, Коле Штерјев, за обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Антикорупциската комисија иако за неа констатира судир на интереси, Ѓорѓева и натаму работи како обвинителка за гонење организиран криминал и корупција.

Седницата за изборот на осум јавни обвинители кои ќе бидат избрани во Скопското обвинителство Советот треба да ја одржи во вторник.

Jaвното обвинителство беше мета на критики за непотизам. Ќерката на вишата јавна обвинителка, Елизабета Ристевска, Јована, работи како помлад јавнообвинителски службеник во Основното јавно обвинителство.

Ќерката на обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска, Билјана, е вработена од 2009 година како стручен соработник во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Уште една ќерка беше вработена како стручен соработник во Основното јавно обвинителство Скопје. Станува збор за Ирена Спасовска, инаку ќерка на обвинителката во државното Јавно обвинителство, Лилјана Спасовска.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај