Внатрешноста на пештерата „Убавица“ во Горна Ѓоновица ќе се гледа виртуелно во 3Д

Од:

Италијански и домашни спелеолози ќе работат на истражување на пештерата „Убавица“ во селото Горна Ѓоновица, една од поголемите во гостиварско, а нејзината внатрешност со помош на дигиталната технологија ќе биде пренесена и ќе може да се види во 3Д формат.

Дел од учесниците во проектот „Зајакнување на локалните актери за експлорација, истражување и конзервација на природното наследство на пештерата „Убавица“ беа на прием кај градоначалникот Арбен Таравари и на средбата тој го поддржа залагањето на невладиниот сектор за иницијативата, за која рече дека ќе биде од корист како за општината така и за државата.

– Општината преку секторот за локален економски развој се вклучи во овој значаен проект и на тој начин даваме придонес кон зачувување на природните реткости и убавините во нашиот крај. Освен промоција, со овој проект очекувам да се зголеми и бројот на туристи кои ќе сакаат да ја посетат пештерата и општината, рече Таравари.

Екипата спелолози и експерти во наредниов период ќе работат на унапредување на вештините за управување со природното наследство како што е пештерата „Убавица“.

– Активностите на проектот ќе ги реализираат италијанските и домашни спелеолози, кои ќе бидат ангажирани во неколку фази на истражувањата. Истражувањата ќе се спроведуваат периодично започнувајќи од август-септември, додека резултатите од лабораториски анализи ќе имаме по осум месеци до една година. Наредната година 2019 на пролет, се предвидени мерки за конзервација, односно затварање на влезот на пештерата согласно ЕУРОБАТ стандардите, рече Јетон Османи од спелеолошкиот клуб „Кораби“.

Раководителот со истражувањето Матео Тарталини напомена дека по истражувањата и 3Д ласерското скенирање ќе бидат изготвени и каталози со биодиверзитетот, геолошката разновидност и геолошко наследство каталогизација на осум карпи и минерали, виртуелна турнеја со поглед на внатрешноста и обика на месното население и млади спелеолози.

Овој проект со 77.800 американски долари го финасира Европската унија и се спроведува преку УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање. Партнерски ќе го реализираат спелеолошкиот клуб Кораби во партнерство со Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор