ВМРО сам против ДПМНЕ на изборите

Од:

СДПМ на Бранко Јаневски ги повлече кандидатските листи, а Народното движење на Македонија во законскиот рок не ги отстрани неправилностите. ДИК не може да ги прифати листите на Јанко Бачев.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ останува единствен учесник на изборите закажани за 5. јуни.

ДИК ќе треба да испрати нов допис до собранискиот спикер, Трајко Вељаноски во кое ќе го извести за новонастанатата состојба. Во Република Македонија, споротивно на Уставот е во повеќепартиски систем да се организираат избори на кој ќе учествува само една партија, партијата на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на ДИК на која ќе се направи ова известување ќе се одржи утре.

Ова е уште еден аргумент дека е потребно повторно свикување на Собранието бидејќи не е возможно да се одржат избори на 5 јуни.

На собраниска седница ќе треба да се поништи одлуката за закажаните избори. Вчера ДИК едногласно констатираше дека не можат да се одржат изборите на 5. јуни бидејќи изборни единици се поголеми од законскиот лимит, а во изборната единица седум не се пријавени доволно лица за да гласаат во дијаспората.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела