ВМРО: Постапките за Музејот се согласно законските процедури

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на СДСМ ги отфрли обвинувањата за Музејот на ВМРО како неточни.

– Денешната прес-конференција е само обид да се замае јавноста од матните набавки кои ги правел нивниот лидер Зоран Заев, кој во својство на градоначалник си делел тендери и пари на свои роднини, на лични пријатели и бизнис партнери и тоа не еден, туку десетици тендери, се вели во реакцијата.

Партијата потсетува дека со повеќечасовен отчет Владата ги презентирала најситните детали од реализацијата на проектот „Скопје 2014“ и оти во него нема ништо спорно.

– Сумите опфатени со анекс договорите за кои денес говореше Дамјан Манчевски се комплетно неточни и измислени. Секоја постапка е направена согласно законските процедури. Фактите покажуваат дека противењето на СДСМ против проектот Скопје 2014 е противење на изградба на објекти, кои како трајна вредност остануваат да им служат на граѓаните, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела