ВМРО-НП со поддршка на судската администрација: Оставка на министерот за правда

Од:

Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар реагираат на противуставната и противзаконската одлука на судскиот-буџетски совет за исплата на намалени плати за 40% на вработените во судската администрација кои штрајкуваат веќе два месеци.

Поради континуираниот игнорантски однос на Министерството за Правда и Судскиот совет, општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар бараат итна оставка на министерот за Правда г-динот Валдет Џафери.

Се прашуваме зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи во однос на овој голем проблем кој по се изгледа ќе се развлекува и понатаму?

Општинските комитети на ВМРО-Народна партија од Тетово, Гостивар и Дебар упатуваат безрезервна поддршка за штрајкувачите од Синдикатот на УПОЗ и нивните барања за зголемување на додатоците на плата за 35%, реагираат од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Предложените измени на Законот за судска служба се неприфатливи за Независниот синдикат на судска администрација

Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат поддршка од пратениците за повисоки плати

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски

Администрацијата од обвинителствата и од судовите на преговори во Владата

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори

Независниот синдикат на судска администрација бара преговори со Владата за зголемување на платите