А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО – НП: Регулаторна можеше да дозволи многу пониска малопродажна цена на горивата

by А1он21/10/2014 - 14:46185
Share0

ВМРО – Народна партија реагира на примената на методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати од страна на Регулаторната комисија.

Добивај вести на вибер

Во услови кога имаме рапидно опаѓање на цената на суровата нафта на светскиоит пазар, кое за последниве три месеци изнесува повеќе од 25%, сметаме дека 8% кумулативно намалување на малопродажната цена од страна на Регулаторната комисија, за овај период е минимално. Сите параметри врз основа на кои се определува малопродажната цена на нафтените деривати се во постојано опаѓање, со процент за кои сме убедени дека може да се дозволи значително пониска малопродажна цена од сегашнава. На ова не влијаат ниту минималните курсни разлики кои се незначителни за овај период.

ВМРО – Народна партија укажува на едностраното толкување на методологијата од страна на Регулаторната комисија, со што прави алиби за себе, за неоправданото одржување на високите цени на дериватите.

ВМРО – Народна партија и предлага на Владата на Р.Македонија, да побара други извори за полнење на буџетот и да се откаже од делот од профитот што според методологијата неоправдано го приграбува за себе, со што малопродажните цени на дериватите би имале пореална цена, далеку пониска од сегашнава. Тое ќе биде една од мерките што ќе овозможи заздравување на исцрпеното и непродуктивно стопанство и подобрување на стандардот на крајно осиромашените граѓани на Р.Македонија.

gorivanp

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Катерина Ѓуровски02/06/2025 - 14:53

Од полноќ поскапуваат горивата

Горан Наумовски19/05/2025 - 13:40

Поскапува дизелот

Катерина Ѓуровски15/05/2025 - 14:25

Се менуваат цените на горивата

Катерина Ѓуровски12/05/2025 - 11:42

Нови цени на горивата

Катерина Ѓуровски05/05/2025 - 12:40

Нови цени на горивата

Горан Наумовски14/04/2025 - 12:3514/04/2025 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен