ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата помеѓу македонската и бугарската Влада околу македонскиот јазик, и притоа сака да ги потсети сите политички активни сили дека проблемот на јазикот помеѓу двете држави е затворен уште со договорот меѓу премиерите Иван Костов и Љубчо Георгиевски. Тој договор е изграден врз база на реципроцитет и се утврдува со формулата: „македонски јазик според Уставот на Република Македонија и бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија“, велат од партијата.
– ВМРО-Народна партија ја потсетува македонската јавност дека тогашниот процес на договарање од македонската страна го има водено и потпишано политичка партија со име ВМРО-ДПМНЕ и главен преговарач беше тогашниот заменик министер за Надворешни работи г-динот Борис Трајковски, а од кабинетот на премиерот Љубчо Георгиевски активно учествуваше г-динот Антонио Милошоски. ВМРО-Народна партија смета дека денешната и секоја идна бугарска влада треба да го почитува потпишаното од нивните претходници и дека и двете страни не треба дополнително да отвараат затворени прашања од пред 20 години, нагласуваат од партијата.
