ВМРО-НП: МПЦ ги премолчи јасните пораки на рускиот патријарх

Од:

„ВМРО-Народна партија со интерес ја проследи посетата на Московскиот и Патријархот на цела Русија, г-дин г-дин Кирил  на Србија и изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми, премолчувајќи кристално чисти и јасни Негови пораки за статусот на МПЦ.

Имено, рускиот Патријарх на средбата со српскиот Патријарх, недвосмислено порача дека МПЦ е неотуѓив дел од СПЦ. Како потврда на ова следеше и официјална средба со претставници на непризнатата црква во Македонија, Православната Охридска Архиепископија на расчинетиот владика Вранишковски. Дополнително, поканата на ПОА да учествува на богослужба заедно со руски и српски православни свештеници во сослужение чиноначалствувано од рускиот Патријарх и српскиот поглавар, канонски ја определуваат позицијата на ПОА за нивна братска православна црква.

ВМРО-Народна партија очекуваше жестока реакција од Синодот на МПЦ за крајно негаторскиот однос на братските православни цркви на Русија и Србија, кон МПЦ. На големо наше разочарување немаше никаква реакција и од страна на официјалните власти во одбрана на правата на православните македонски верници претставени од МПЦ. Ваквиот дециден став на рускиот Патријарх ги демаскира сите заговорници од власта и нејзините медиуми дека заради одбраната на идентитетот треба да се определиме за Русија како наш иден стратешки партнер, со Србија како наш главен лобист.

ВМРО-Народна партија постојано укажува на сите провокации и негирања што доаѓаат од Србија, како по правило не наидуваат на никаква осуда од страна на власта. Премолчувајќи го и овој голем скандал, кој значи директно негирање на македонскиот идентитет, свесно не фрла во прегратките на Србија. И за крај, дали огромниот порив на симпатии од власта кон Србија, ќе оди до таму да резултира со дистанцирање од МПЦ и приближување кон ПОА“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Македонија да се вклучи во транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје