ВМРО-НП: МПЦ да го разгледа предлогот на Папата за датум за заедничко чествување на Велигден

Од:

„ВМРО – Народна партија негувајќи ги трајните демохристијански вредности со кои се дефинира основниот политички профил на партијата, со интерес го прими неодамнешниот предлог на Неговата светост Папата Франсис, упатен до сите христијани, за утврдување на датум за заедничко чествување на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Ова е предлог од исклучително црковно значење и ние сме свесни за нашата позиција во врска со ова прашање, но сепак заради горе наведеното, чуствуваме за потреба да искажеме наше мислење“, велат од ВМРО-НП.

„ВМРО-Народна партија смета дека идејата на Папата го отвара патот кон приближување на различните црковни догми кои во иднина можат да се надминат и да допринесат за конечно канонско единство на христијаните од целиот свет. Заедничкото прославување на овој најголем христијански празник ќе биде исполнување на вековниот стремеж на сите верници и црковни великодостојници, со што ќе се остварат заложбите на светите отци учесници на Вселенските собори, за соборност на една и единствена црква.

ВМРО-Народна партија смета дека за предложениот датум од Папата може да се разговара, затоа што и така православните христијани најчесто го слават Велигден помеѓу втората и третата Недела во месец Април.

ВМРО-Народна партија е на мислење, Македонската Православна Црква сериозно да го разгледа овој најнов предлог, затоа што е конструктивен и прифатлив за македонските верници и потоа да излезе со свој став. На ваков начин, МПЦ ке искаже далеку поголема зрелост од Руската и Српската Православна Црква, кои априори го отфрлија овој добронамерен предлог, прикажувајќи се себеси за заштитници на првославните традиции, а всушност мотивите се од јасна политичка природа. Истовремено, ова и дава автентичност на одлуката која е донесена самостојно од Македонската Православна Црква“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението