ВМРО-НП: Македонија е жртва на недемократски режим

Од:

ВМРО Народна партија, како што велат, сериозно е загрижена за сегашноста и иднината на оваа држава.

„Веќе е повеќе од јасно дека политиките кои ги води оваа власт ја водат во пропаст демократијата и основните човекови права во земјава. Извештајот на Стејт Департментот, е уште еден повод да ги поттикнеме граѓаните да ги отворат очите и да не подлегнуват на медиумските манипулации од страна на мегафоните на власта, туку конечно да разберат дека целата македонска јавност е жртва на еден недемократски режим“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

ВМРО-НП ,како индикатори за недемократското владеење, цитира извадоци од извештајот на Стејт Департментот за состојбите со човековите права во Р. Македонија за 2011 година:

• Според индикаторите на Светската банка корупцијата во владата е голем проблем.

• Корупција во судството и полицијата

• А1, Канал5, Сител беа најголеми донатори на политичките кампањи бидејки понудија абнормално поволни попусти за маркетинг

• Меѓународните набљудувачи и локалните НВО посочуваат за корупција, недостаток од транспарентност и политички притисок над полицијата.

• Неефективност на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

• Полицијата продолжува да ги повикува осомничените и сведоците на т.н. информативни разговори без да ги информира за нивните процесни права

• Притисокот на владата врз медиумите е проблем со тенденција на раст

• Притисок врз новинарите да применуваат самоцензура

• Владата беше еден од најголемите огласувачи во медиумите, но ги фаворизираше медиумите кои ги смета за пријателски

• Постојат тврдења дека властите притвораат лица од политички причини. Притворот беше употребен како санкција во случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Георги Тренкоски

• Властите вршат заплашување и политички притисок над судската фела, несоодветното финансирање односно користење на буџетот со цел да се влијае на судството

• Училиштата се соочуваат со недостаток на средства и недоволен простор за училници

• Хендикепираните се соочуваат со дискриминација во вработувањето, образованието, здравствената заштита. Многу државни институции сеуште се физички недостапни за хендикепираните

• Социјалната помош за хендикепираните не е доволна да ги покрие тековните трошоци за живот

• Нечовечките услови во затворите остануваат загрижувачки. Според Ноемврискиот извештај на Омбудсманот во државата има 2329 затворени и притворени лица иако вкупниот капацитетот на сите установи е предвиден за 1952 лица

• Сивата економија претставува 15-40% од БДП

• Владата не презема мерки да спречи инволвирање на деца во работа под нивната минимална возраст и со тоа се инволвирани во сивата економија

• Најважен проблем со човековите права во Р.Македонија е неможноста на владата целосно да го почитува владеењето на правото, што беше отсликано со влијанието врз судството и медиумите, селективни судски постапки во однос на политичките противници, и значајно ниво на владина корупција и неказнивост на полициските пречекорувања.

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Македонија

Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

А1он