ВМРО-НП: Дали Иванов е поголем чувар на српските интереси и од самиот српски претседател?

Од:

„На Самитот одржан во Република Словачка, претседателот на Република Србија Томислав Николиќ и претседателот на Република Косово г-ѓа Атифете Јахјага седеа заедно, што беше поздравено од целата меѓународна јавност, бидејќи претставува редок пример за позитивен пресврт во нормализирањето на севкупните односи на двата народа.

– ВМРО Народна партија го поздравува овој чин како единствен начин кој носи просперитет и благосостојба за двата народa.

– Имајќи ја таа слика пред нас, денеска не можеме, а да не го запрашаме претседателот Горѓе Иванов што направи пред десетина дена на Самитот во Охрид, компромитирајќи ја Македонија со своите постапки. Дали Горѓе Иванов како и неколку пати порано само докажува дека е поголем чувар на српските интереси и од самиот српски претседател?

– За жал ВМРО Народна партија може да констатира дека лажни биле нашите надежи дека г-дин Горѓи Иванов ја надминал својата југословенска фаза на која сите добро се сеќаваме.

– Со оваа дистанца од само десет дена многу впечатливо се гледа дека претседателот на Републиката има проблем во разбирањето, што е тоа изворен македонски државен интерес“, се вели во соопштението на ВМРО Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on