ВМРО-Народна: Македонските Бугари се загрозени поради бугарското вето

Од:

ВМРО-Народна изразува загриженост поради објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија, со цел да се оправда, како што велат од партијата, катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија.

„Во серијата ирационални објаснувања, пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за македонска интеграција во ЕУ ќе се направело предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство“, се посочува во партиското соопштение.

Меѓутоа ВМРО-Народна, која се декларира како партија која во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство, се изјаснуваат и како македонски Бугари, сметаат дека фактите го зборуваат токму спротивното – велат од партијата.

„Додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, се декларира за македонски Бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија, нема кажано никаков позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО Народна: Денот на ВМРО да го замениме со денот на „кумановската битка“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Се почести навреди од северниот сосед за Македонците

ВМРО-Народна го поддржува Законот за амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна прашува дали државата има доказ дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистичките власти

ВМРО-Народна партија го осудува тешкото насилство кон охриѓанецот кој се декларира како македонски Бугарин

ВМРО-Народна: Бадникарските огнови не е во согласност со православието и со македонскиот идентитет