ВМРО Народна Кавадарци со поддршка за СДСМ и коалицијата

Од:

Поддршка за кандидатите за локалните избори предводени од СДСМ и коалицијата даде денеска ВМРО Народна партија од Кавадарци.

На прес-конференција претседателот на ВМРО Народна Глигор Шемов денеска соопшти дека сево ова е врз основа на одлуката на Извршниот комитет на ВМРО Народна партија, а согласно на постигнатиот договор за коалицирање на локално ниво. Од општинскиот комитет на ВМРО Народна ги информираа членовите, симпатизерите и јавноста за оваа одлука, а ги повикаа своите членови да се вклучат во предизборната кампања и својот глас да го дадат за СДСМ и коалицијата.

Официјализираната соработка ја поздрави и кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата Бетиан Китев, кој како што истакна, тоа е во интерес на Кавадарци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски