ВМРО-ДПМНЕ:Зголемување наместо усогласување на социјалната помош во интерес на граѓаните

Од:

Одлуката за зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 5 проценти, наместо усогласувањето на помошта со трошоците на живот е донесена во интерес на корисниците, со цел тие да добијат поголем износ на помош од државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ следејќи го движењето на висината на трошоците на живот константираше дека доколку се вршеше усогласување на социјалната парична помош со висината на трошоците на живот, тогаш би се постигнал понизок износ на корекцијата на социјалната парична помош. Оваа одлука за зголемување на социјална парична и постојаната парична помош наместо нејзино усогласување беше донесена по направените анализи од добиените податоци од Државниот завод за статистика за движењето на трошоците на живот, се вели во реакцијата.

Од тие причини, се посочува во неа, се направи измени во закон за социјална заштита и се предвиде зголемување на социјалната парична помош од 5 проценти започнувајќи од месец јули 2015 година.

– Ако наместо зголемување на социјална парична помош, се применеше повторно усогласување со порастот на трошоците на живот, корекцијата на износот на социјална парична помош немаше да изнесува ниту 1 процент, стои во партиската реакција.

Во неа се потсетува дека од 2006 година, кога на власт бил СДСМ, висината на социјалната парична помош во просек изнесувала 2.900 денари, а денес изнесува 4.266 денари, или зголемување од 47 проценти. Постојаната парична помош во 2006 година во просек изнесувала 3.695 денари, а денес изнесува 5.392 денари, односно е зголемена за 45,93 проценти. Надоместокот за туѓата нега во просек во 2006 изнесувал 3.086 денари, а сега изнесува 4.097 денари со зголемување од 32 проценти.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во поддршка на граѓаните во социјален ризик спроведува клучни проекти како отписот на долгови на граѓани во социјален ризик, потоа од 2010 година се исплаќа условен паричен надоместок за деца од домаќинства корисници на социјална парична помош во висина од 12.000 денари на годишно ниво за нивно вклучување и продолжување на нивното образование и создавање на услови за полесно вработување. Воведено е субвенционирање на потрошувачката на енергија од страна на корисници на социјална парична и постојана парична помош во износ од 700 денари годинава, со зголемување на 800 денари наредната година. Се реализира проектот Бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства на социјален ризик од 2012 година, потсетува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината