ВМРО-ДПМНЕ: Тврдењата на Шеќеринска дека не се добиваат субвенциите се лага

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Радмила Шеќеринска дека граѓаните не ги добиваат субвенциите.

„Радмила Шеќеринска беше потпретседател на владата на СДСМ во период кога најмалку пари се издвојуваа за поддршка на македонските земјоделци. Тоа беше периодот во кој за македонските земјоделци беше предвидено да им се исплаќаат минорни 5 до 6 милиони евра, а овие пари никојпат не завршуваа до земјоделците, на кој највеќе им беше потребна оваа поддршка.

Од превземањето на одговорноста за управување со државата, од 2006-та година до сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците предвиде и исплати некаде околу 500 милиони евра (во 2006 година-20 милиони евра, во 2007 година-25 милиони евра, во 2008 година-45 милиони евра, 2009 година-70 милиони евра, 2010 година-100 милиони евра, 2011 година-115 милиони евра, 2012 година-130 милиони евра).

Целокупната постапка за распределба на субвенциите е транспарентна и списоците се јавно достапни и на увид на пошироката јавност. Тврдењата на Радмила Шеќеринска дека граѓаните не ги добиват субвенциите се лага.

Но кога Шеќеринска говори за тагата на лицата на луѓето нека се потруди да размисли како им е на истите тие луѓе, кога читаат весници и кога можат да прочитаат и видат какви скапи чевли таа носи, колку скапи и брендирани чанти поседува, во кои луксузни продавници се облекува, во каков стан живее, каква викендица поседува, во какви автомобили се вози. Дури тогаш ќе сфати какво е лицемерието, кое што таа им го нуди на граѓаните“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени