ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули предлага неспроведливи или проекти што веќе се реализираат

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценува дека кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата „Сојуз за иднината“ Јани Макрадули се служи со лаги и манипулации во својата кампања и предлага проекти, кои или веќе се реализираат, или немало реална основа да се спроведат.

Во реакција на денешните обвинувања од Макрадули кон актуелната локална власт за потрошени пари на проекти ВМРО-ДПМНЕ наведува дека сплавовите во реката Вардар се градат од приватни инвеститори, кои за таа цел плаќаат концесија на Градот и со свои средства ги градат објектите. Градот Скопје, посочуваат, не троши ниту еден денар за изградба на овие објекти.

Во однос на ветувањето на Макрадули за бесплатни младински годишни билети ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Владата веќе им обезбедува на учениците бесплатен превоз.

– Јани Макрадули и СДСМ свесни дека не можат да победат на изборите за Град Скопје, започнаа со бесмислена кампања, во која не нудат ниту еден конкретен, реален и финансиски издржан проект. Затоа Јани Макрадули не ја доби поддршката од граѓаните во Скопје. Затоа и во вториот круг убедливо ќе изгуби. Оттука е неговата нервоза и брзоплето предлагање проекти, кои или веќе се реализираат, или немаат реална основа да се спроведат, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он