ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа

Од:

СДСМ и Зоран Јовановски не се расправаат со Владата, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, туку се расправаат со Светска банка која отворено и недвосмислено потенцира дека Македонија е една од најмалку задолжените држави во Европа, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на СДСМ.

– Светски релевантни институции кои ја придвижуваат глобалната економија како Светска банка и ММФ јасно нагласуваат дека Македонија е четврта по ред најмалку задолжена држава во Европа, дека Владата покажа фискална мудрост држејќи го буџетскиот дефицит во изминатите неколку години на строго дефинирано ниво од 2,5 отсто и дека со заемот од СБ ќе се финансираат клучни реформи. И кога врвни светски институции ќе дадат ваква потврда за исправноста на напорите на Владата за избавување од последиците од глобалната економска криза повеќе од очигледен е фактот дека СДСМ цело време манипулира и ја лаже македонската јавност. Денес се разоткри политиканството на СДСМ и Зоран Јовановски, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека заемот од Светска банка и е доделен на Македонија под најдобри можни услови и оти Македонија е втора земја во Европа која најмалку ја зголемила задолженоста меѓу 2009 и 2012 година.

– Во периодот од 2007 до 2012 година исплативме скоро 400 милиони евра, долгови кои главно беа направени од СДСМ. Во однос на долговите треба да се знае дека повеќе од половина од средствата што идната година ќе бидат исплатени, се долгови направени во времето на Бранко Црвенковски и СДСМ, се наведува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица