ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е Црвенковски и СДСМ да се вразумат

Од:

За ВМРО-ДПМНЕ, денешната прес конференција на Андреј Петров е очаен обид на СДСМ за пронаоѓање на алиби за очигледниот пораз, кој што, велат,  СДСМ ќе го доживее на престојните локални избори.

„Жално е што СДСМ не умее со работа и проекти да го сврти вниманието на јавноста, па мора да се служи со измислици и конструкции, кои човек не може да ни да ги замисли, а не пак да ги реализира. За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи сите забелешки на ОБСЕ и ОДИХР кои се однесуваат на изборниот процес, во кој што потенцираме, не се дел и неразумните барања на СДСМ. СДСМ предлага казна затвор доколку во последните три месеци пред одржувањето на избори, премиерот или друг министер се појават на ТВ или во некој весник, или пак пуштат во употреба веќе завршен проект, реализиран во согласност со владините програми. СДСМ практично предлага Владата ниту да работи, ниту да се појавува на телевизија, за да тие можат да се надеваат на сопствен успех. Поточно, СДСМ би сакале да одат на избори но по можност ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да не учествуваат во изборите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

И денешната прес конференција на Андреј Петров и неразумните барања на СДСМ, велат, е впрочем дел од смислена шема на Бранко Црвенковски кој на овој начин сака да прикаже дека ете народот го сакал, ама тој не победил на локалните избори, затоа што изборните правила не чинеле.

„Тоа е така 6 изборни циклуси по ред, на кои СДСМ и Црвенковски исто толку пати се поразени од народот.  Крајно време е Црвенковски и СДСМ да се вразумат, и да не ја малтретираат јавноста со разни исмислени сценарија, кои само им служат како алиби за поразот на наредните локални избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?