ВМРО-ДПМНЕ: Зошто во изминатите 100 дена намерно се одолговлекуваше изградбата на автопатите?

Од:

„Единствено по што стана позната неспособната влада на СДС и Сугарески во изминатиот период, е што во изминатите 100 дена блокираше се она што беше изградено и реализирано како инфраструктурни и капитални проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Сугарески, немајќи со што да се пофалат во изминатите 100 дена измуслуваа разни манипулации и лаги дека трасите на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип се погрешени, дека изведувачите доцнат со предвидената динамика и што уште не, за да денес дознаеме дека ќе продолжат со градежните активности на истите.

Неспособното раководство на СДС на чело со Заев и Сугарески, намерно цело лето не го пуштија целосно изградениот и завршен автопат Демир Капија-Смковица само зошто така сакаа, надевајќи се дека доколку тие ги промовираат автопатите ќе добијат политички поени кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто во изминатите 100 дена, намерно се одоговлекуваше изградбата на автопатите, зошто СДС, Заев и Сугарески им беше толку тешко да признаат дека нема ништо спорно со изградбата на автопатите.

СДС и Сугарески, наместо да се занимаваат со блокирање на инфраструктурните проекти кои во изминатиот период ги градеше ВМРО-ДПМНЕ, треба на граѓаните да им соопштат каде се предвидените нови 600 километри автопатски делници, каде им се ветените 550 километри регионални, кои им ги најавуваа на граѓаните пред избори.

СДС и Заев постојано ги потценуваат граѓаните со секојдневни лаги и манипулации кои им ги пласираат, поради ваквиот неискрен однос кон сопствениот народ, СДС ќе биде казнет и жестоко поразен на претстојните локални избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1