ВМРО-ДПМНЕ: Зошто се уште Кирацовски не е во притвор?

Од:

„Истрагата за случајот „Рекет“ е компромитирана. Таа не ги исполнува очекувањата на правото и правдата. Од ден во ден Вилма Русковска се повеќе ја развлекува истрагата за милионскиот РЕКЕТ, се со една цел, да се заштитат вистинските нарачатели. Вилма Русковска и обвинителството доцнат повеќе од четири месеци со распитот на сите инволвирани.

Цели четири месеци и требаа на Русковска да го повика на распит Кирацовски, иако за инволвираноста на ликот Кики се пишуваше во продолженија. Четири месеци им требаа за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки, како главно оградување од неговото учество во рекетирањето. Кирацовски вчера призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени кои биле предмет на рекетирање.

Во целиот случај посредникот помеѓу Боки 13 и оштетениот бизнисмен од излезените снимки веќе е во притвор како второ осомничен.

Зошто се уште Кирацовски не е во притвор?

Очигледни се намерите на СДСМ и Русковска обвинителството да го развлечат и забошотат целиот случај.

Правда во Република Македонија мора да има за да одговараат сите инволвирани во овој криминално-мафијашко-рекетарски скандал. Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш по падот на СДСМ од власт, ќе се случи Обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ