ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија?

Од:

Зошто СДС не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори?Од почетокот на преговорите со ЕУ на Украина и Молдавија видовме дека се се може ако се сака, ако ЕУ имаше интерес да почнеме преговори ќе најдеше начин да ја убеди Бугарија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта. Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса.

Не запира да зачудува мазохизмот на СДС и ДУИ, кои и по сите добиени шамари и јасни сигнали дека во Македонија има епидемија од корупција, тие продолжуваат да спроведуваат штетни политики, наместо да понесат одговорност. Со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито