ВМРО-ДПМНЕ: Зошто пред дивоградбата на Шилегов нема задолжителна табла-Дали фирми добитници на тендери гратис му градат зграда дивоградба?

Од:

„Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, кој вообичаено е арогантен и гласен, сега кога е фатен во незаконско градење на семејната зграда молчи и бега. Зошто пред семејната зграда дивоградба која интензивно се гради, нема табла на која ќе стојат имињата на фирмите изведувачи? Дали Шилегов ги крие затоа што нему му градат гратис, а тој им дава тендери од Градот и ги плаќа дебело со народни пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто цели институции се ставени во погон за да се заташка овој скандал? Во неработен ден сабота биле менувани документи, а гледаме дека инспекторот за урбанизам абер нема да отиде на увид на местото на дивоградбата, нити да провери дали висината на објектот е согласно ДУП, нити дали има соодветна документација.

А сите на чело со Шилегов од петни жили се обидуваат да го заташкаат скандалот, ама не можат. Фатени се на дело, документирани и прашање на време е кога ќе понесат одговорност и Шилегов и пајташите кои пробуваат да го заштитат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му