ВМРО-ДПМНЕ: Зошто повторно се случува хаос во ЈСП, иако се одобрени субвенции за како што велеше Арсовска „цела година да не му ја мислиме“?

Од:

Коалицијата на Данела Арсовска, СДС, ДУИ и Левица во Град Скопје се директно одговорни за хаосот во ЈСП. Тие пред само еден месец лажеа, драматично го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорен за тоа што во Скопје нема градски превоз поради доцнење на платите. Но вистината излезе на виделина после помалку од еден месец. И овој месец повторно доцни исплатата на плата во законскиот рок во ова јавно претпријатие иако Советот изгласа субвенции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вината е во нивната и неспособноста на Данела Арсовска. Тие заедно со менаџерскиот тим во ЈСП, иако добија 700 милиони денари или 11 милиони евра пред дваесетина дена, повторно доцнат со исплатата на плата во претпријатието во законски определениот рок, а причината никој не ја знае. Срамно и бедно. Уште се свежи сликите на Данела Арсовска како на 22 јануари прикажуваше лажен триумфализам и велеше дека се обезбедени пари за плати „за цела година да не му ја мислиме“ мафтајќи во занес со рачето. Зошто платите не се исплаќаат навремено?

Данела и нејзините коалициски партнери безмилосно ги манипулираа Скопјани, возачите и нивните семејства за ситен поен. Да потсетиме, уште кога на вонредната седница се изгласаа 11 милиони евра субвенции на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека претпријатието е бунар без дно поради лошото менаџирање. Тогаш баравме извештај и увид каде и како се трошат народните пари? И тогаш предупредувавме дека после само неколку месеци пак ќе дојдат Данела и менаџерите да бараат пари за плати во ЈСП. По се изгледа нашите предвидувања ќе се остварат многу побрзо. СДС, Левица ДУИ и Данела Арсовска да излезат и да дадат одговори, зошто повторно се случува хаос во ЈСП? Манипулациите и лагите им се распрснаа како меур од сапуница во лице. Неспособни се и криминогени, и тоа е нивниот лепак што им ја врзува коалицијата – тврдат од партијата

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: За милионите евра, кои СДС ги даде на Рејтинг и Спасов, тие смислуваат само глупави лаги и манипулации со што ја носат партијата кон пропаст

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Никола Спасов откако се насобра тендери од СДС, преку агенцијата Рејтинг, сега го отплаќа долгот преку водење на ПР, со ниски лаги и измислици

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов, со катастрофалниот ПР на СДС, испитува како дното да се пробие, што повеќе на партијата

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празни прес конференции, Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови