ВМРО-ДПМНЕ: Зошто над 200 пасоши дадени на криминалци уште не се поништени

Од:

„Брзоплетата и скандалозна пресуда за аферата „Мафија“ само го покажува стравот и нервозата во власта на Заев. Трас – трас пресудите со смешни и условни казни само покажува дека власта сака да го забошоти случајот и да спречи да излезе на виделина целата вистина.

Но се лажат ако мислат дека за аферата „Мафија“, во која биле доделени над 200 пасоши на мафијаши, нарко босови, убијци, терористи, ќе ја префрлат целата вина на неколку чиновници“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку и да ја кријат вистината, толку посилно ќе одекне.

Патем скандалот да биде поголем зошто пасошите од аферата „Мафија“ доделени на криминалците се уште се важечки. Дали овие пасоши не се поништуваат затоа што такви пасоши биле доделени на лица поврзани со акцијата „Планина“?

Ниту една трас – трас пресуда не може да го покрие овој скандал кој што не само што го загрози безбедносниот систем на Македонија, туку и безбедносните системи на многу други земји во Европа и светот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му