ВМРО-ДПМНЕ: Зошто има пари за зголемени патни трошоци за пратениците, а нема пари за капитални инвестиции?

Од:

„Нејасно е зошто има пари за зголемени патни трошоци за пратениците, а нема пари за капитални инвестиции. Зошто се зголемуваат непродуктивните трошоци, а државата ќе се задолжи близу една милијарда евра.

Владата на СДС за 6 месеци ја задолжи државата за неверојатни 611 милиони евра.

Поради недомаќинското работење на оваа неграѓанска и неспособна влада сумата со која што ќе ја задолжат државата ќе се искачи за над 1.465.000.000 евра.

Владата на СДС и Заев ќе достигне историско ниво на задолжување на граѓаните и државата. Со овој расипнички однос СДС ја третира државната каса како буре без дно.

СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега енормно се задолжува.

Граѓаните не се должни да ја трпат оваа несособност на СДС, Заев и Тевдовски и со право се прашуваат за што СДС планира да го зголеми долгот, а притоа крати 24 милиони евра за субвенции за земјоделците. Но, единствена работа на оваа расипничка влада на Заев е трошење пари на луксузирање и непродуктивни работи. Така што во делот на непродуктивни доходи има покачување на патни трошоци за 5,2 милиони евра.

Лускузирањето и комотниот живот на Заев и неговите партиски луѓе не смее да биде на трошок на граѓаните.

СДС, Зоран Заев и Драган Тевдовски ја киднапираа државата. Нивната алчност и расипништво нема крај.

За сите финансиски злоупотреби и злодела со неоснованото задолжување од страна на СДС, Заев и Тевдовски ќе има одговорност. СДС, Заев и Тевдовски ќе мораат да одговораат за ова историско задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски