ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција

Од:

Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција. Заев знае дека заминува во длабока опозиција. Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ соопштението на СДСМ.

„Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните.

Граѓаните се незадоволни од власта, а не од луѓе кои вршат партиски функции на партијата. Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е фарса за одвлекување на вниманието од реалноста која е сега моментално во државата.

Под итно потребна е целосна одговорност. Назадувањето на државата не се решава само со смена на луѓе со партиски функции, потребна е колективна оставка на целата влада, на чело со Зоран Заев.“, е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ