ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев мора да замине, само така Македонија ќе победи

Од:

„Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој што ќе се слави независноста на Република Маледонија. Народот го прочита Заев во неговата намера да ја избрише историјата, традицијата и културата и затоа ја избегна прославата на која што треба да се промовира промената на Уставот и идентитетот.

Иднината на Република Македонија не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја, пријател на Македонија. Националниот идентитет не смее да биде монета за поткусурување на неспособни политичари кои се заинтересирани само да си обезбедат стипендии за своите деца. Името не е сопственост на криминалци на кои им е важно само да ограбат што е можно повеќе пари од граѓаните додека се власт.

СДСМ докажаа дека единствено се кадарни да наместат тендери за фирмите блиски до нивното раководство. Во таа работа никако да згрешат.

Кога станува збор за релизирање на проекти од значење на сите граѓани СДСМ се целосно неспособни.

Владиниот тим не беше во состојба да направи разлика помеѓу знамиња на две различни држави при официјална посета на највисоко ниво. Канцеларот на Австрија Себастијан Курц беше непријато изнанаден од пречекот со знамето на Латвија. Аматеризмот и несериозноста на СДСМ ја посрамоти Македонија.

Договорот со Грција е само димна завеса додека во позадина се злопупотребува секоја можност да се украдат парите на граѓаните. Тој е максимално штетен. Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот.

Ова антидржавно однесување на СДСМ мора да престане. Зоран Заев мора да си замине. Само така Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер