ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и картелот потпишаа капитулантски договор

Од:

„Зоран Заев и картелот потпишаа капитулантски договор. Република Македонија е оштетена и понижена страна. Зоран Заев е новиот Коте од Руља.

Коте Заев ветуваше дека нема да го промени Уставот, сега не само што прифатил промена на Уставот, туку и со капитулантскиот договор задира во македонскиот идентитет и јазик.

Македонскиот идентитет и јазик се стекнато право уште во минатиот век и се загарантирани со конвенции на ОН. Коте Заев успеа и стекнатите права да ги продаде.

Грчките официјални претставници сами кажуваат дека во преговорите ништо не дале, а добиле многу. Коте Заев им ги оствари максималистичките барања на кои Грците не успеаја да ги остварат ниту со привремената спогодба во 1995 година. Секој обид за замајување и залажување на јавноста не поминува.

Народот е разочаран, потиштен и излажан. Овој договор нема да донесе подобар живот. Зоран Заев мора да падне, а Македонија да победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина