ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат

Од:

Со денешната прес-конференција се докажаа нашите сомневања дека Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат, посебно поради денес објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт. Зоран Заев знае дека следните избори ќе ги загуби и затоа бега од нив.

Ова се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Денес, стои во реакцијата, се докажа дека Зоран Заев и СДСМ ги користат лепените и креирани снимки за класична уцена врз државата и нејзините интереси.

– Денешната прес конференција е доказ дека Зоран Заев бега од договорот од 2 Јуни кој самиот го потпиша, а чиј поддржувач беше Европската Унија. Договорот го потпиша Зоран Заев, но не беше прифатлив за Милчин, Фрчкоски, Ордановски и Геровски. Заев денес покажа дека повеќе ги слуша нив од тоа што се слуша самиот себе, се наведува во реакцијата.

Се докажа, се вели во реакцијата, дека Зоран Заев и СДСМ преку создавање и долготрајно оддржување на политичката криза сакаат негативно да влијаат на растот на економијата и отворањето на нови работни места.

– На тој начин прават штета на секој еден граѓанин во Република Македонија. Зоран Заев и СДСМ ја докажаа деструкцијата кон сопствената земја и сопствениот народ. Докажаа дека им се важни само личните и партиски интереси и желбата да дојдат на власт без да добијат поддршка од граѓаните на избори, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со денешната постапка Зоран Заев и СДСМ ја докажаа политичката неодговорност и покрај јасните пораки од народот и од претставниците на меѓународната заедница. Зоран Заев, се посочува во реакцијата, докажа дека него единствено што го интересира е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност.

– Поради тоа што Зоран Заев во континуитет се заканува со објавување на креирани снимки за случајот Монструм и поради тоа што ние сме убедени дека нема ништо спорно во целиот тој случај, денес јавно апелираме да објави се што има и поседува без да одолговлекува, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, политичката стабилност, економскиот развој и отварањето на нови работни места.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски