ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Катица Јанева се партнери во уште еден невиден преседан

Од:

„Обвинетиот Зоран Заев и обвинителката Катица Јанева денеска се партнери во уште еден невиден преседан. Наместо како една страна што треба да го гони криминалот и друга страна што треба да се брани од обвиненијата, Катица Јанева и Зоран Заев денес излегоа со идентични изјави кои како да се напишани од еден ист адвокатски тим.

Денеска обвинетиот Зоран Заев срамно и недолично го нападна судот со аргументите со кои претходно судот беше нападнат и од Катица Јанева. Заедничко за двете изјави е тоа што и обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева сметаат дека се над судот, над законите и Уставот на Република Македонија и дека тие се факторите кои треба да му наложат на судот како треба да работи.

Обвинетиот Зоран Заев денеска отиде дотаму што почна да ја глуми Катица Јанева, да кажува кој бил сведок во постапката и кога бил повикан, како и да ја лаже јавноста за причините за постојаното одложување на судњето за Пуч.

Јавноста памети дека токму обвинетиот Зоран Заев одбиваше да се појави на закажаните судски рочишта за Пуч како и за поткупот за 100 000 евра за Вицето. Истовремено обвинетиот Зоран Заев редовно си се појавуваше на рочиштата во судот во Струмица во кои тој се јавуваше како странка што тужи.

Ваквата симбиоза меѓу обвнитетиот Зоран Заев и Катица Јанева не е нова. Јавноста сеуште го памети скандалот кога Катица Јанева без увид во предметот и документацијата одлучи дека нема потреба од притвор за обвинетиот Зоран Верушевски, а потоа обвинетата Соња Верушевска за ваквата одлука на Катица Јанева јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев за ослободувањето од притвор на нејзиниот сопруг.

Јавноста ги памети и изјавите на обвинетиот Зоран Заев дадени на партиски митинг во Скопје, кога најавуваше дека ќе имало и обвиненија и притвори без разлика на тоа дали Катица Јанева имала или немала докази“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски