ВМРО-ДПМНЕ: Знаеја дека Груевски не е во партискиот штаб, но Заев и Спасовски одлучија да заплашуваат членови

Од:

„Зоран Заев и Оливер Спасовски знаеја дека Никола Груевски не е во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, но одлучија да претресуваат и заплашуваат партиски членови и активисти.

СДСМ врши политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на наредбата за потрага по Никола Груевски за опсада на штабот на партијата е одраз на црни и недемократски методи несвојствени за Европа и цивилизираниот свет.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободомислечки граѓани.

Органите на прогонот повеќе од година дена не можат да го пронајдат убиецот на младиот Мартин Јанушев, додека убиецот на младиот Саздо е исто така сеуште не е пронајден. Нема ни трага ни глас од убијците на „Рузвелтова“. Не може ни да има бидејќи Спасовски е зафатен со крими афери од типот „набавки на шкоди кои чинат 15.000 евра за 25.000 евра“ и доделување на лиценците за милионски бизниси поврзани со испитните центри на момчиња кои ден претходно оснивале фирма.

Вкупно 9 нерасчистени убиства веќе година ипол се неразјаснети, а властите не придвижија ниту една десетина од полициските сили кои беа злоупотребени за опсада на штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Година ипол правосудните органи немаат преземено ниту едно дејствие против сомнежите за криминал на високите претставници на власта.

СДСМ го има преземено целиот правосуден систем во државата вклучително и органите на прогон и истите работат како алатка за пресметка со политичките неистомисленици. Оваа безредие и правен хаос мора да запре. Владеењето на правото мора повторно да стане пракса, а не исклучок.

Насилниците врз законите и врз граѓаните ќе одговараат за сите против законски дејствија кои ги преземаат со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање