ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски со парите на жителите на Центар се шета низ европските светски центри

Од:

„Четири години граѓаните на Општина Центар на своја кожа го чуствуваат неработењето на Андреј Жерновски и СДС.

Расипничкото и неодговорното однесување со парите на граѓаните веќе излезе на виделина. Жерновски по теркот на СДС потроши над еден милион евра за улица од речиси 370 метри.

За да ви бидат работите појасни и да имате претстава како се цедат парите на жителите на Центар и се одлеваат во фирми блиски на СДС и Жерновски би сакале да дадеме неколку примери.

„Плоштад Богородица“ кој се наоѓа во непосредна близина на Министерството за надворешни работи и е неколкукратно поголема од Боемската улица на Жерновски чини 557 илјади евра. Во ова цена вкалкулирано е партерното уредување со комплетното осветлување и придружни елементи.

„Плоштадот Филип Втори“ кој се наоѓа кај Црквата Св. Димитрија исто така со целокупното партерно уредување и придружни елементи со осветлување чини верувале или не 3 пати помалку или 390 илјади евра.

Булеварот Христијан Тодоровски Карпош ( делница Чаир ) во должина од 670 метри или, три пати поголема од вкупната должина на Боемската улица 2 чини 700 илјади евра. За да ви биде појасно овде станува за Булевар со 4 летни, со целосна изведба на подземна и надземна инфраструктура со целосно осветлување.

Ова се само дел од неколкуте примери за тоа како функционира една општина кога градоначалникот е од редовите на СДС, во овој случај Жерновски.

Жерновски не само што континуирано ги лаже жителите на Центар, тој исто така без срам, недомаќински ги троши парите на жителите на Центар.

Проектите што ги ветија Жерновски и СДС не се реализирани, а тоа најдобро го знаат Центарци. Наместо да се фрли на работа, приоритет на Жерновски беше како со парите на жителите на Центар да се шета низ Европските светски центри.

Жерновски и СДС се пример за неодговорна и расипничка власт. Неговиот мандат се обележа со неспособност, недоволна посветеност и индиции за корупција.

Неработливоста и расипништвото на Жерновски граѓаните ќе го казнат на 15-ти октомври, а со тоа ќе ја делегитимираат неспособната влада на СДС“, изјави Јордан Ристески.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски