ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се бори со своите илузии

Од:

Со последните најави дека како градоначалник на општина Центар ќе ја спречувал градежната мафија од ‘Светот на Андреј’, уште еднаш потврдува дека поради чистата нула на реални проекти кои ги спровел, поради сопствената безидејност и несоодветност за раководење со општината, тој ќе биде портпарол на сопственото его помпезно најавувајќи некакви битки кои постојат во неговиот квази-донкихотовски мозок, реагираа во средата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Помпезно најавуваната прес-конференција на градоначалникот на скоспката општина Центар Андреј Жерновски во средата уште еднаш ја потврди планираната шема според која тој решил неславно да го приврши својот мандат, оценуваат од владејачката партија.

Претходно Жерновски постави прашање дали од посебен интерес е хотел од 100 метри, праша во среда упатувајќи го прашањето до премиерот Никола Груевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Жерновски измислил хотел од сто метри височина кој според неговите информации ќе го градела Владата, а на неговите забелешки дека тоа ќе ја сопрела светлината во Градскиот парк и струењето на воздухот велат дека единствено е во право за последното „бидејќи знае од прва рака како изреагираа граѓаните на неговиот обид за изградба на бензиска пумпа кај Буњаковец“.

„Како и многупати досега во недостиг од конкретни проекти на кои работи, Андреј Жерновски својата плата како градоначалник на општина Центар ја оправдува измислувајќи си проблеми кои потоа тој наводно ќе ги решава“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив основниот проблем на жителите на општината Центар е што овие проблеми биле умислени само од Жерновски и неговите манипулации за да го прикрие своето неработење.

„Реториката која одлучил да ја форсира во последно време со која се лаже единствено себеси дека е некаков Елиот Нес против урбаната мафија, му препорачуваме да ја вежба пред огледало за да звучи барем малку поубедливо, бидејќи дури и неговите веќе не му веруваат. Пред огледало препорачуваме да зборува и да вежба говор како ќе се бори против изградбата на бензиска пумпа на местото на пазарчето во Буњаковец која тој ја нарачал, како ќе се бори против изградбата на висококатницата која прво ја дозволува, за потоа да го брани народот од неа, како ќе се бори против булдожерите на Водно кои прво самиот ги испраќа, па го спасува народот од нив“, му порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ на Жерновски.

Би можело да ве интересира

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата