ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски покажува изразена нервоза во последните денови

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е добро што Андреј Жерновски го прифати фактот дека ќе има втор круг избори во општина Центар, нешто што го потврдија и ДИК и сите релевантни субјекти.

Андреј Жерновски покажува изразена нервоза во последните денови, свесен дека разликата во гласови е многу мала во споредба со големината на општина Центар и од ден на ден се намалува. Наместо да организира жолчни прес-конференции, треба да води конструктивна кампања, во која конечно пред граѓаните ќе понуди конкретни и реално остварливи проекти, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Жерновски во која најави дека нема да се жали во ДИК бидејќи е сигурен во неговата победа во вториот круг.

Конечниот резултат од изборите, се нагласува во рекацијата, ќе го дадат граѓаните на Центар, кои ќе се одлучат за конкретни проекти и дела.

Граѓаните својата поддршка ќе ја дадат за Тодоровиќ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дадат за новите булевари, паркови, реновирани и нови училишта, детски градинки, пензионерски клубови и уште голем број други проекти… Андреј Жерновски во својата 15 годишна политичка кариера ниту има иницирано проекти, а уште помалку има реализирано дела за граѓаните на Центар, се додава во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ