ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не знае да ја води општина Центар

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конфернција на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски оцени дека новиот градоначалник секој ден си создава алиби затоа што не знае како да ја води општината.

– Тој ниту еднаш не понуди реален концепт и реално остварлива програма. Затоа денеска наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните на Центар, се уште бара оправдувања за неговата безидејност. Знаеме дека Андреј Жерновски и понатаму ќе се занимава со се, освен со работите кои треба да ги сработи. Свесни сме дека како и досега така и во натамошниот период Жерновски ќе бара виновници кај другите, само за да ја покрие својата неспособност, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски се занимава со „глупости, зборува за опструкции, рушења, дислокации и мораториуми на место да се зафати со решавање на потребите на граѓаните на Центар и да изгради нешто.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ