ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски, Капиштец го остави на милост и немилост

Од:

„Денес се наоѓаме на Улица Козара во Капиштец.

Oваа улица, како и многу други улици во Центар, е раскопана и преполна со кал, оставена на милост и немилост на времето.

Додека Жерновски прави енормно скапи „боемски улици“, од 270 метри во вредност од 710.000 евра, жителите на улица Козара газат во калта од раскопаната улица.

Додека Жерновски троши многу пари за концерти кои никогаш не се одржаа, за улиците низ Центар не „најде“ ниту евро.

Денес улицата Козара наликува на сцена од средновековен филм, а не на улица во централното градско подрачје на Скопје.

Жерновски, Капиштец го остави на милост и немилост.

Улиците овде при малку дожд или снег се претвораат во мочуриште полно со кал.

Дупките и калта се насекаде по улицата и пред влезовите на домовите на жителите.

На неколку метри од овде се наоѓа и детска градинка во која секојдневно стотина семејства си ги оставаат децата, кои секое утро како и попладне газат во дупките полни со кал.

На граѓаните на Капиштец и Центар им е преку глава од неодговорноста и некомпетентноста на Жерновски.

Граѓаните на Центар заслужуваат одговорна општинска администрација и Градоначалник кој ќе работи за нивно добро и за решавање на нивните проблеми“, изјави Сашо Трпески, советник во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар