ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски им даде идеја на градежните фирми како да работат со него

Од:

„За нас станува повеќе од јасно дека со својата изјава Жерновски, всушност, испрати порака до сите градежни фирми и останати компании, за тоа кој е начинот за соработка со него и Општина Центар. Жерновски сам, на овој начин, ги повика фирмите и им го покажа коруптивниот пат како да се соработува со него“, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на изјавата од актуелниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, дека власта е опседната со оваа општина и дека започнала хајка против него која ќе трае до крајот на неговиот мандат.

„Андреј Жерновски е фатен во својата лажна конструкција. Неколку дена зборува за сè освен за клучното прашање, кое му го поставуваат јавноста и експертите, а тоа е кои се луѓето или фирмите кои наводно му понудиле мито за соработка. Жерновски смисли илјада работи само за да го одбегне одговорот“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„На цела македонска јавност веќе ѝ е јасно дека Жерновски излажа, исто онака како што лаже и манипулира со сите останати теми. Жално е што цената на неговото евтино политиканство и неработа во следите години ќе ја плаќаат жителите на Општина Центар“, пишува во соопштението на партијата.

Оттаму предвидуваат дека во следниот период ќе се потврдат матните и коруптивни зделки на кои е спремен Жерновски со, додаваат, неговиот бизнис партнер Ристо Пенов и тесниот круг на нивни партиски и бизнис пријатели. Посочуваат дека откако седнал на градоначалничката позиција, Жерновски не работи на проекти од интерес на граѓаните, туку само на кочења, блокади, лажење и политички конструкции.

„Помина еден месец откако е градоначалник, а единствена активност му се препукувањата со нас и разгледување на една бандера во присуство на сите медиуми“, стои во соопштението на владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела