ВМРО – ДПМНЕ: Жерновски го копира Заев со објавувањето монтирани разговори

Од:

Со емитување креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори Андреј Жерновски го копира Зоран Заев, истакна ВМРО – ДПМНЕ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Жерновски.

– И Заев и луѓето околу него се прочитани од граѓаните. Веќе и на најсилните поддржувачи на СДСМ им е совршено јасно дека ова сценарио за дестабилизација ќе заврши како лош спомен за штетно и срамно однесување против интересите на својата држава и своите граѓани на неколку луѓе во врвот на опозицијата, се вели во партиската реакција.

Според соопштението, наместо СДСМ да се посвети на своја програма, предлози, проекти и идеи за подобар живот на граѓаните, да понуди алтернатива и здрава критика кон реалните политики, тие се одлучиле да креираат сценарија за дестабилизација на државата, за нарушување на меѓународниот углед и за превземање на власта по секоја цена.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Зоран Заев да си поигрува со реалниот живот на граѓаните, а ние ќе продолжиме да работиме на создавање услови за отворање нови фабрики, нови работни места, да ја градиме инфраструктурата низ Македонија, нови автопати, магистрални патишта, ќе продолжиме да инвестираме во нови училишта, градинки, болници, да работиме за повисоки пензии, за повисоки плати на вработените, за поддршка на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ ќе прододлжи да работи на подобрување на реалните прашања и потреби на граѓаните, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела