ВМРО-ДПМНЕ: Жално е што Бранко молчи 21 ден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ веќе 21 ден го повикува лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да одговори на прашањата поврзани со шверцот на нафта.

„Вчера Црвенковски повторно одбегнувајќи конкретно да одговори изјави дека Љубомир Магаш, кој инаку конкретно го посочи Црвенковски дека одобрувал и договорал шверц на нафта, е (цитираме) “бараба, хохштаплер” (затворен цитат Црвенковски).

Ако за Бранко Црвенковски, Магаш е обиен хохштаплер, тогаш Стојан Андов и Љубчо Георгиевски се негови коалициони партнери. Тие исто како Магаш тврдат дека во време на Црвенковски се шверцувало нафта. Еве нив нека ги коментира ако смета дека Магаш е обичен криминалец.

Не е жално што се поставуваат прашања, како што изјави Црвенковски, жално што тој молчи 21 ден, уште по жално е што се обидува да го дефукусира вниманието и го потценува народот.

Јавноста прашува, а Бранко Црвенковски ќе мора да одговори кој се, како и колку заработувал од криминалот со шверц на нафта? Ова е сериозен скандал. Постојат прецизни изјави на Магаш кој кажува детали од договарањата на шверцот, тука е и изјавата на Стојан Андов кој тврди дека се правел шверц, а Црвенковски знаел за тоа и згора на се постоеле закани и од меѓународниот фактор за санкции врз државата бидејќи Владата на СДСМ и Бранко Црвенковски го премолчувале тој криминал. На крајот тука е и изјавата на сојузникот на Црвенковски, Љубчо Георгиевски кој говори за контигенти на нафта која се швецувала низ Македонија.

Во сите три изјави е посочен Црвенковски, ова го кажуваат неговите соработници, неговото име е вплеткано во криминал и тој мора да одговори на овие прашања“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор