А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците очекуваат реални мерки и проекти

by А1он06/07/2017 - 18:44120
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Добивај вести на вибер

„Николовски наместо да се однесува како опозиција и да смислува разно разни изговори треба да се зафати со работа и да отпочне со реализирање на ветеното.

Граѓаните од СДС не очекуваат политизирање и манипулации, граѓаните од СДС очекуваат реална работа, Николовски наместо да седи во канцеларија и да дава брифинзи за новинари и да држи празни прес конференции, да излезе на терен и да отпочне да ги решава проблемите на земјоделците.

Земјоделците очекуваат СДС да престане да си игра и да тера маркетинг на нивен грб. Земјоделците од СДС очекуваат реални мерки и проекти.

ВМРО-ДПМНЕ апелира под итно да се донесат мерки за условен увоз на пченица и да се продолжи со дополнителна поддршка од најмалку 6.000 денари на 1 ха за пченицата.

Земјоделците од Николовски очекуваат и да исплати надомест на штетата од последните непогоди. Потсетуваме дека претходната влада исплати 5.5 милиони евра за штети во Пелагонија, Штипско, Струмичко, Полог и 2016-та во Стајковци, Скопско преку 3 милиони евра во 100 проценти од проценетата штета. Владата на СДС имаше повеќе седници, а притоа не донесе никаква одлука за тоа.

Земјоделците од СДС очекуваат грижа и инвестиции како што тоа го правеше Владата на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmnezemjodelstvo

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен